Брегу: За седум години во ЕУ емигрирала четвртина од населението од Западен Балкан

Од:

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу изјави денеска дека над пет милиони граѓани од Западен Балкан емигрирале во ЕУ во изминатите седум години. Таа нагласи дека тие демографски трендови се најдобриот показател за реалните потреби на граѓаните.

„Европа и Западен Балкан се менуваат демографски, честопати во однос на земјите на поаѓање и крајна дестинација, со оглед дека само во 2018 година речиси 230.000 граѓани мигрирале легално во ЕУ, а во изминатите седум години – повеќе од пет милиони граѓани – или една четвртина од реалното население, потенцира Брегу.

Според неа, тие бројки се уште повисоки кога станува збор за младите, иако 61 процент од младите ја поддржуваат интеграцијата на регионот во ЕУ, тие не губат време.

Брегу наведе податоци од Балканскиот барометар, според кои 35 проценти од младите во регионот се невработени, двојно се зголемила стапката на невработеност од онаа во ЕУ, додека 62 проценти сакаат да заминат во странство и да работат.

Според неа, тоа се алармантни бројки за регионот.

„Тие, сепак, зборуваат за де факто демографска европеизација на населението во регионот“, рече таа на почетокот на панел на високо ниво на тема „Западен Балкан и ЕУ: Заеднички предизвици и споделени одговорности“, што таа го модерираше како дел од годишниот Конгрес на Европската народна партија (ЕПП) во 2019 година, што се одржува вчера и денеска во Загреб.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки