Брегу: Крајно време е ЕУ да заземе јасен став за Западен Балкан

Од:

„Време е да се заврши со преправање. Европската унија треба да го испочитува својот договор и да излезе со јасен став за процесот на пристапување на Западен Балкан“, изјави генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС,) Мајлинда Брегу.

Зборувајќи на конференцијата на високо ниво за иднината на Балканот во организација на „Пријателите на Европа“ во Брисел, таа и се заблагодари на новата претседателка на Европската комисија Урсула вон дер Лејен на јасно изразената визија за Европа како заеднички континент, додавајќи дека се надева на таков став и од земјите членки на ЕУ.

„Овој момент можеби е и најголемата криза во политичките односи на Европската унија и Западен Балкан од 1999 година. Од сега па до наредниот самит на Западен Балкан сите ќе чекаат да се донесе одлука, но кој може да гарантира дека сериозно ќе се опстои на реформите. Само се надевам дека одлуката да не се отворат преговори со Албанија и со Северна Македонија.., нема негативно да влијае врз јавните управи кои морат да бидат мотивирани да продолжат со реформите“, изјави Брегу.

Би можело да ве интересира

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7