Премиерката на Словенија, Аленка Братушек оцени дека државите од западен Балкан имаат реални можности за членство во ЕУ, истакнувајќи дека од тоа корист нема да има само Унијата, туку и сите држави во регионот.
-Секој чекор кон Европа, реформа, право, функционирање на институциите ги води државите напред, ги прави демократски и атрактивни за инвеститорите-изјави таа.
Словенската премиерка нагласи дека Србија и Косово со бриселскиот договор покажаа кои им се политичките приоритети, но додаде дека критериумите за пристап се тешки и мора да бидат исполнети.
-И Европската унија мора да вложи напори и не смее непотребно да го продолжува процесот на ширење-истакна таа.
Братушек наведе и дека од влезот на Хрватска во ЕУ очекува стабилност во регионот.
Елена Георгиевска