Брат му го уби со лопата, а мајка си ја обезглави – уапсен е 43 годишник во Сараево

Од:

Полицијата во Сараево денес уапси 43-годишен маж под сомнение дека уби две лица, а локалните медиуми известуваат дека жртвите беа неговата мајка и брат, кои ги уби на крајно брутален начин.

Уапсениот во медиумите е идентификуван како Аднан Локванчиќ. Тој е уапсен во семејниот стан во сараевската населба Храсница, каде што полицајците го пронајдоа по добиена дојава.

Од полицијата кратко соопштија дека тој е приведен под сомнение за убиство на еден маж и една жена, како и дека е во тек истрага за да се утврди што точно се случило.

Според порталот „Дневни аваз“, Локванчиќ наводно ги уби својот брат и мајка со удари од лопата. Потоа ѝ ја отсече главата на мајката.

Неговиот адвокат Омар Мехмедбашиќ за медиумите потврди дека жртвите се мајката и братот на уапсениот, а веднаш најави и дека ќе побара психијатриско вештачење.

– Очигледно постојат причини за вештачење од невропсихијатар, бидејќи за време на исказот тој рече дека ги испрати мајката и братот, кои ги уби, кај шехидите и на подобро место – изјави Мехмедбашиќ за порталот „Кликс“.

Шехиди во исламската традиција се маченици, односно луѓе за кои се верува дека загинале бранејќи ја својата религија, заедница, татковина или невини луѓе.

Во Босна и Херцеговина, овој термин најчесто се користи за муслимани кои загинале во војната.

Медиумите известуваат дека семејството во кое се случи оваа трагедија имаше многу тежок живот, а дополнителна траума претставува фактот што таткото извршил самоубиство активирајќи рачна бомба, по војната во деведесеттите.

Би можело да ве интересира

Огнена стихија во БиХ и Црна Гора: Сараево се задушува во густ чад

Горан Наумовски

Убиство во Сараево – уапсен малолетник осомничен за помагање, убиецот е во бегство

А1он

ВИДЕО: Пожарот кај Требевиќ достигна опасни размери

Во училиште со нож ја уби екс девојката (18), а го усмрти и мажот кој се обиде да го спречи

А1он

Три земјотреси ја погодија околината на Сараево за само два часа

Пукање среде Башчаршија, полицијата блокираше сè