Брамерц во посета на Белград

Од:

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц ќе престојува денеска и утре во посета на Белград, во рамки на подготовките на извештајот, кој тој го поднесува до Советот за безбедност на Обединетите нации.

Како што е најавено од Хашкиот трибунал, Брамерц ќе разговара со премиерот на Србија Александар Вучиќ, со министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, со министерот за правда Никола Селаковиќ, со обвинителот за воени злосторства Владимир Вукчевиќ, како и со претставници на меѓународната заедница.

Согласно резолуциите на СБ 1503 од 2003 година и 1543 од 2004 година обвинителот има должност секои шест месеци да поднесува извештај до Советот за актуелниот прогрес во насока на примена на Стратегијата за ставање крај на работата на Судот во Хаг. Овие извештаи редовно се поднесуваат од мај 2004 година.

Обраќањето на Брамерц пред СБ на ОН е планирано за почетокот на јуни.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија