Брамерц: Хрватска беше најдобра, а сега е најлоша во регионалната правосудна соработка

Од:

Хрватска пред да влезе во Европската унија беше лидер во промовирањето на правдата и ефективната регионална судска соработка, но за жал повеќе не ја игра таа улога, ја пренесува „Вечерњи лист“ изјавата на главниот хашки обвинител Серж Брамерц пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

Ова е вторпат главниот обвинител на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови во Хаг отворено да ја критикува Хрватска во редовните извештаи до Советот за безбедност на ОН.

Пред половина година тој во извештајот до ОН посочи дека „хрватската влада носи политички одлуки кои ги блокираат судските процеси“.

Според „Вечерњи лист“, Брамерц во последното обраќање пред Советот за безбедност истакнал дека има позитивен напредок во соработката во однос на истрагите за воени злосторства меѓу Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, но оти „обвинителите во регионот му известуваат дека не ја остваруваат потребната соработка со Хрватска во случаите поврзани со хрватски осомничени“.

Според Брамерц, хрватските власти го информирале дека истрагата и гонењето на хрватските државјани се прашање на национална безбедност.

„Ваквиот став правдата ја претвора во политичко прашање, а треба да се работи само за непристрасна судска проценка на доказите и законот“, се цитира изјавата на обвинителот пред Советот за безбедност на ОН.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хрватска по одлуката на Црна Гора: Ја обезвреднувате Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Гори над Дубровник: Пожарот се шири со молскавична брзина

Маж и жена се убиени во Славонски Брод

Горан Наумовски

Познатиот готвач рече дека „Хрватите јадат како свињи“, Хоудек се налути: Тоа е арогантно однесување

(ВИДЕО) Хрват збесна по поразот од репрезентацијата, па го демолираше телевизорот

Горан Наумовски

Ученик во Лика бил незадоволен од оценката, се заканил дека ќе дојде со пиштол во понеделник