Официјална одлука каде ќе биде седиштето на Специјалниот суд нема, објави дневниот весник Бота сот. Одлуката се уште не ја потврдиле од Брисел кој за тоа разговара со владата во Холандија.
– Основањето на Специјалниот суд останува приоритет за ЕУ на Косово. Во таа фаза не можеме да ги коментираме конкретните активности. Планираниот процес во Брисел и Приштина е во тек. ЕУ го поддржува Косово во формирањето на законски рамки за основање на суд врз основа на постигнат договор и ратификација од Собранието на Косово во април 2014 година, се вели во одговорот на ЕУ што го пренесува весникот Бота сот.