Босанскиот главен обвинител побара едномесечен притвор за Будимир

Од:

Босанскиот главен обвинител побара едномесечен притвор за вчера уапсениот претседател на Бошњачко-хрватската федерација Живко Будимир, осомничен дека добивал мито во замена за помилување на осудени, јави босанскиот весник „Дневни аваз“.

Будимир и останатите 19 лица, уапсени вчера во рамките на акциите „Патриот“, „Правда“ и „Мемори“, беа сослушани денеска и за нив беше побарано и тие да останат во притвор.

Портпаролот на обвинителството Борис Грубешиќ соопшти дека конечната одлука ќе биде позната во рок од 24 до 48 часа.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина