Босанец ќе оди во САД со велосипед за да биде со саканата

Од:

Ајдин Хоџиќ од Сараево поради својата девојка Селма тргнува на пат во американската држава Ајдахо со велосипед каде треба да стигне за околу четири месеци, а преку Атланткиот океан ќе патува со брод, пренесуваат босански медиуми.

Повеќе од девет илјади милји воздушна линија ги дели Сараево и државата Ајдахо, каде живее неговата симпатија Селма. Авионскиот лет од Босна и Херцеговина до главниот град на американската сојузна држава трае нешто повеќе од 12 часа.

-Последен пат се видовме минатата година, а кога и го кажав својот план и начинот на кој сакам да стигнам дотаму беше помалку збунета, како и сите останати кога слушнаа. Но, таа знае дека би направил се за неа, вели осумнаесетогодишникот кој е во потрага по спонзори за да ја исполни целта.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина