Борисов: Веруваме дека Србија наскоро ќе стане членка на ЕУ

Од:

Србија е неодвоив дел од Европа и веруваме дека наскоро ќе стане членка на ЕУ, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов во Белград, откако српскиот претседател му го врачи „Орденот на Република Србија“.

– Дозволете ми да ја примам оваа награда во името на сите Бугари, кои вложија огромни напори за време на бугарското претседавање (со Унијата) и на сите нас, кои веруваме дека Србија е неодвоив дел од Европа и дека во најскоро време ќе стане членка на ЕУ, изјави Борисов.

Тој нагласи дека нема ништо подобро од тоа соседите да се земји членки на ЕУ, бидејќи така заедно ќе можат да работат на реализација на инфрастуктурни проекти, како железнички пруги, патишта и гасоводи.

– Можам да ве уверам дека колку и да е сложен светот и колку тешки решенија да донесувме, особено по војна, јас верувам и гледам дека Србија се движи по вистинскиот пат и нема поубаво пријателство од мирот и заедништвото меѓу народите, нагласи Борисов.

Како што јави БГНЕС, „Орденот на Република Србија“, кој е највисоко српско државно признание, му беше врачено на Борисов по повод Денот на државноста на Србија. Во образложението на одлуката за одликување на Борисов со Орденот, се нагласува дека тој му се доделува поради „заслуги за развојот и зацврстувањето на мирољубивата соработка и пријателски односи меѓу Република Србија и Република Бугарија“.

Инаку, покрај на Борисов, Вучиќ денеска одликувања, меѓу другите, им додели и на поранешниот амбасадор на Кина во Белград, Ли Манчанг, на претседателот на Европската комора, Кристоф Лајтл, на советникот на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, на првиот човек на „Газпром“, Алексеј Милер и на директорот на фондацијата „Конрад Аденауер“ во Србија, Норберт Бекман-Диркес.

Би можело да ве интересира

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Вучиќ: Србија која е за труд секогаш ќе ги победува оние што се за граѓанска војна

Протести во Нови Сад и Белград, блокирани се неколку факултети

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он