Борисов: Бугарија има помалку новозаразени, а владата ги поддржува индустријата и граѓаните

Од:

Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, Бугарија бележи пад од 32,8 проценти во бројот на новозаразени од Ковид-19 во однос на последните две недели.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов напиша на својот профил на Фејсбук дека во истиот период, Хрватска бележи раст на инфекцијата од 181%, Франција 106%, Холандија 46% и Грција 51%.

По данни на European Centre for Disease Prevention and Control – ECDC, България бележи 32.8% спад в заболеваемостта от…

Posted by Boyko Borissov on Среда, 19 август 2020

“Како што расте пандемијата низ целиот свет, Бугарија е една од ретките земји што управуваат правилно. Ние први воведовме рестриктивни мерки. Тие беа флексибилни и така економијата продолжи да работи. Ние ја реорганизиравме нашата индустрија. Во исто време, благодарение на своите финансиски политики, државата продолжува да издвојува средства за социоекономски мерки како одговор на кризата. Во време кога светските економии се во рекорден пад, ние ја поддржуваме индустријата и граѓаните, ги зголемуваме приходите и градиме низ целата земја. И сето тоа – без да земеме заеми“, додаде бугарскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме