Борел за состојбата на Косово: Насилството мора да се осуди, а сторителите да се изведат пред лицето на правдата

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска повтори дека насилството на северот на Косово не е начин и ги повика сите да дадат се од себе за да се избегне понатамошна ескалација.

Борел, кој денеска учествува на Самитот на европската политичка заедница во Кишињев, Молдавија, изјави дека вчера во Братислава се сретнал со премиерот на Косово, Албин Курти и дека денеска очекува да разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Мораме да инсистираме дека насилството не е вистинскиот пат, насилството мора да се осуди, а сторителите на насилството да се изведат пред лицето на правдата. Мора да избегнеме секаков вид на ескалација и некоординирани потези. Ќе продолжиме да работиме на тоа“, рече Борел пред самитот на европските лидери во главниот град на Молдавија.

Тој рече дека целта на самитот е стабилизација на континентот, имајќи предвид дека, како што наведе, „на Балканот има многу проблеми“, како и безбедноста на Европа.

„Стабилност, поврзаност и безбедност се трите клучни зборови на оваа средба на која треба да се работи на воспоставување рамка за заедничка надворешна политика“, рече Борел.

Би можело да ве интересира

Борел: Загрижува зголемениот број на српски војници во близина на административната линија

Борел и Лајчак: Да се утврдат сите факти за нападот во Бањска и сторителите да одговараат

А1он

Борел: Партнери од Западен Балкан се идни членки на Европската Унија

Османи – Борел: Да не се дозволи назадување во ЕУ интеграцијата

Борел: Членките на Европската унија губат трпение поради ситуацијата на Косово

Катерина Ѓуровски

Борел: Нема пречки за евроинтеграцијата на Македонија, билатералните прашања нема да бидат обврзувачки

Катерина Ѓуровски