Борел и Лајчак: Да се утврдат сите факти за нападот во Бањска и сторителите да одговараат

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека е неопходно да се утврдат сите факти за нападот на влезот во селото Бањска во општина Лепосавиќ и дека одговорните за него мора да бидат изведени пред лицето на правдата, јави дописникот на МИА од Белград.

Истовремено, Борел најостро го осуди, како што рече, грозоморниот напад на вооружена банда врз припадници на косовската полиција во Бањска на северот на Косово, во кој загина еден полицаец, а двајца беа повредени.

-Уште повеќе невини животи се загрозени во непријателствата кои траат околу манастирот Бањска. Овие напади мора веднаш да престанат, рече Борел.

Тој посочи дека ЕУЛЕКС како втора одговорна мисија за безбедноста на теренот е во близок контакт со властите и со КФОР.
-ЕУ и нејзините членки повторно ги повикуваат сите актери да работат на деескалација на ситуацијата на северот на Косово, рече Борел.

„Најостро го осудувам страшниот напад врз косовската полиција синоќа. Насилството во која било форма е апсолутно неприфатливо. Моето срце е со жртвите, нивните семејства и колеги. Сторителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Сите мора веднаш да се вратат на дијалогот“, реагираше по Борел и Мирослав Лајчак, европскиот посредник во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

Полицијата уапси маж од прилепско кој пукаше со пиштол и пушка

Горан Наумовски

Убиен е полицаец во Качаник пред влезот на неговата зграда

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски