Борел: Членките на Европската унија губат трпение поради ситуацијата на Косово

Од:

Високиот претставник на ЕУ, Жосеп Борел, изјави дека земјите-членки на Европската унија го губат трпението со ситуацијата во Косово, порачувајќи дека се потребни брзи акции за намалување на тензиите, пренесува Газета експрес.
Борел ова го изјави по средбата со албанскиот премиер Еди Рама во Брисел, кому му се заблагодари за неговите „напори и поддршка за изнаоѓање решение“ за ситуацијата во Косово.

„Јасно кажав, а тоа е и ставот на земјите-членки – дека страните мора да ја деескалираат ситуацијата и да најдат решение врз основа на европската мапа на патиштата што им беше предложена на состаноците минатата недела“, рече Борел на заедничката прес-конференција со Рама.

Високиот претставник на ЕУ додаде дека земјите-членки го губат трпението со ситуацијата во Косово.

„Земјите членки се согласуваат дека е важно итно да се реши ситуацијата и тие го губат трпението со оваа моментална ситуација, потребни се итни активности“, посочи тој.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

ВИДЕО Еди Рама збесна за време на пренос во живо: „Е*и се, е*и се“

Горан Наумовски

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски