Бојко Борисов казнет со 150 евра за неносење маска во Рилскиот манастир

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е казнет со глоба од 300 евра поради тоа што при посета на Рилскиот манастир не носел заштитна маска, спротивно на важечките прописи за време на пандемијата на коронавирусот, јавуваат бугарските медиуми.

Како што соопшти бугарското Министерство за здравство, ќе бидат казнети и луѓето од придружбата на Борисов, како и новинарите кои не носеле маски во затворениот простор.

Бугарија од денеска повторно го воведе задолжителното носење маски во сите затворени објекти, а предвидените казни се од 300 до 1 000 лева (150 до 500 евра).

 

 

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

СДСМ: Разговараа ли Мицкоски и Борисов за пачките злато и оставката на Николовски?

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени