„Блиц“: СПЦ годишно заработува 140 милиони евра

Од:

Во 40 епархии на Српската православна црква (СПЦ) годишно се собираат околу 140 милиони евра, пишува денешното издание на весникот „Блиц“.

Весникот наведува дека во време на кризата епархиите на СПЦ биле едни од најголемите инвеститори, а парите се вложувале во хотели, винарии, земјоделско производство, бидејќи државата на сите нивни приходи од продажба на свеќи, верски обреди и издавање на простор, не им наплаќа данок.

– Само од продажба на свеќи и верски обреди една епархија може да заработи и до пет милиони евра годишно. Тука треба да се додаде и бизнисот кој повеќето епархии го имаат развиено и од кој добро заработуваат. Во рамки на срковните комплекси се издаваат објекти, се дава земјиште под закуп, се отвораат стопански објекти, винарии. Само Захумско-херцеговската епархија во САД извезува околу 100.000 шишиња свое вино, објаснува соговорникот на „Блиц“.

Најмногу финансиски средства во СПЦ доаѓаат од донации, односно од „верско помодарство“. Новокомпонираните верници сметаат дека ќе ги избришат своите гревови доколку донираат во црквата. Весникот пишува и дека државата од буџетот го плаќа социјалното и здравствено осигурување на свештениците во СПЦ, за што оваа година ќе бидат издвоени девет милиони евра.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани