„Блиц“: Синодот на СПЦ уверени со видео материјал за хомосексуалните склоности на владиката Василие

Од:

Синодот на СПЦ поседува материјали кои сведочат за сексуални активности на владиката Василие (Качавенда), објави „Блиц“ наведувајќи дека имале увид во дел од колекцијата снимен материјал на епископот кои говорат за негови хомосексуални склоности.

Весникот наведува дека на инсертите се гледа дека ангажманот на владиката „не е од духовна туку интимна, телесна природа“.

„Блиц“ тврди дека СПЦ поседува фотографии, видео и аудио снимки и околу 40 сведочења на млади луѓе и свештеници на епархијата Зворничко-тузланска, а сведочењата се за сексуалните склоности на владиката и притисоци за сексуален однос.

„Блиц“ наведува дека имале увид во снимка која трае околу пет минути и на која се гледа како владиката во крупен план, е во прегратка со млад маж со кој се бакнува во уста. Тие поседуваат и уште една снимка на кој е владиката со млад маж во кревет.

И граѓани на Бјелина покажале неколку фотографии од владиката во недозволени ситуации за монах.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија