„Блиц“: Макрон на средбата со Вучиќ го подржал „Малиот Шенген“

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон ја поддржува идејата за „малиот Шенген“, тврди белградскиот весник „Блиц“.

Според „Блиц“, Макрон на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во понеделникот порачал дека „малиот Шенген ја рефлектира неговата идеја кога станува збор за функционирање на регионот пред влезот во ЕУ.“

– Макрон и Вучиќ разговараа за иницијативата за регионална економска зона. Францускиот претседател рече дека тоа е позитивна идеја, дека тој така го замислува функционирањето на регионот сè додека државите не станат членки на ЕУ. Тој исто така вети и поддршка, наведува неименуван извор на весникот „Блиц“.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, српскиот претседател по средбата со Макрон изјави дека со него разговарал и на темата за „Малиот Шенген.“

– Добивме официјални податоци од Светската банка дека доколку во иницијативата ги имаме сите шест земји од Западен Балкан, вкупната заштеда би изнесувала 3,5 милијарди евра, а само за Србија 1,5 милијарди. Станува збор за огромни пари. Тој ме праша „дали планирате и очекувате други“ и јас одговорив „се надевам“, изјави Вучиќ за деталите од разговорот со Макрон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски

Белград: Студентите го блокираат ГСП, заглавени се 130 трамваи и 150 автобуси