Билт: Балкан без војни

Од:

„На Балканот, веќе нема да има менување на границите, војни или конфликти, затоа што тој регион има европска иднина“, изјави шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт.

Во интервју за „Еуинсајд“, Билт, рекол дека регионот има европска агенда-економски реформи, социјален напредок, и владеење на правото, но и дека Балканот мора да се справи со нерешените прашања околу организираниот криминал и корупцијата.

„Што се однесува до иднината на Европската унија, за десет години, еврото и натаму ќе биде силна валута на глобалните пазари и еврозоната ќе има повеќе членки од денес“, изјавил Билт.

Билт не очекува дека Грција ќе ја напушти еврозоната, но, вели, одлуката за тоа ќе ја донесат Грците.

 

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки