БиХ: Земјоделците најавија блокади на граничните премини

Од:

Координацијата на земјоделските здруженија и Сојузот на Федерацијата БиХ донесоа одлука на 3ти септември од 12-14 часот земјоделските производители да ги блокираат граничните премини и патните комуникации на подрачјето на БиХ, заради неисполнување на нивните барања од ресорните институции.

Барањата кои ќе бидат упатени од најавениот протест се: оставка на министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Јерко Иванковиќ Лијановиќ, заради непочитување на законската легислатива, непочитување и неспроведување на заклучоците на тематската седница на застапничкиот дом на Парламентот на БиХ, противзаконското трошење на буџетските средства, оневозможување да се остварат правата за парична подршка низ Програмата и Правилникот за производство, односно заради планското уништување на домашното земјоделско производство а за сметка на разните лобирања на увозниците на земјоделски производи.

Земјоделците бараат и забрзана исплата на субвенциите во примарното земјоделско производство за првите 6 месеци од 2012 година.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина