БиХ: Уапсен поради воени злосторства

Од:

Припадниците на СИПА го приведоа пратеникот од Партијата на демократски акции, Шемсудин Мехмедовиќ поради сомнеж дека бил вмешан во воени злосторства.

-Утрово требаше да се најдеме, но тој ми јави дека е притворен-изјави неговиот адвокат, Сенка Ножица.

Мехмедовиќ е пратеник во Партијата на демократски акции во Парламентот на БиХ, а е уапсен во рамки на акцијата „Озрен“, поради сомнеж дека учествувал во воените злосторства во близина на општината Тешањ.

Во селото Колашевичи, во близина на Тешањ беше пронајдено оружје, за кое што се тврди дека било сокриено во 2002 година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина