БиХ: Турските серии ги уништуваат браковите

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Босна и Херцеговина, како и повеќето балкански телевизии прикажуваат барем по една турска серија, која од ден на ден привлекува се повеќе гледачи, од двата пола.

На тој начин Турците ја пренесуваат својата култура, јазик и обичаи. Но се тоа ќе беше во ред, доколку сериите не почнаа да влијаат врз деструкцијата на општеството и повеќето уништени бракови.

Имено психолози и брачни советници предупредуваат дека зголемениот број на разводи во Босна лежи токму во тие серии.

Често се случува еден од партнерите да е толку поврзан за серијата, при што ги занемарува своите брачни должности.

Еден граѓанка на Дриновац изјави дека заминала од својот, сега поранешен сопруг, бидејќи ги гледал дури и репризите на серијата.

-Понекогаш стануваше ноќе и ја гледаше серијата, потоа не можеше да спие а ме обвинуваше мене. Право да ви кажам и јас ја гледав серијата, но што е многу, многу е -изјави таа.

Жена од Кочерин го оставила својот маж бидејќи немал цврста и црна коса, како нејзиниот омилен лик од серијата.

Секој ден можеме да слушнеме вакви приказни. Единствено адвокатите имаат профит од разводите. Срамно е што некои од нив нудат и попусти за развод, доколку партнерите биле повеќе од 20 години во брак.

-Ситуацијата е навистина сериозна. Мора да преземеме се што е можно, за да состојбата се стабилизира. Тие серии се лоши. Турците во минатото ни ја наметнуваа својата култура, ние се боревме, но не можевме да се избориме. А денес го прифативме и дозволивме да не уништуваат – сметаат психолозите.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина