БиХ пред губење европски средства за пописот

Од:

Заради неисполнување неопходни услови БиХ би можеле да останат без 7,5 милиони евра колку ЕУ има испланирано за дополнителна поддршка за попис на населението, предупреди портпаролот на Делегацијата на ЕУ во БиХ, Енди Мекгафи.

Наведениот износ е дополнување за веќе обезбедените 4,5 милиони евра кои Унијата ги издвои за техничка помош, опрема неопходна за пописот и поддршка.

Пописот еднаш беше одложен, и неопходна е ефикасна активност на сите нивоа за да се обезбеди спроведување во октомври, предупреди тој. Според него, на властите во БиХ им требало повеќе од еден месец да искажат подготвеност да ги прифатат тие средства и властите мора да развијат и усвојат финансиски план за попис на населението.

– Ако тоа не биде спроведено во следните неколку дена, БиХ ќе се најде во сериозен ризик да ги загуби тие средства, смета Мекгафи.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина