БиХ: Мнозинството на Додик во Парламентот на Република Српска ги поддржа неуставните закони

Од:

Парламентот на Република Српска денеска поддржа два закони кои го загрозуваат уставниот поредок на БиХ и претставуваат директен предизвик за авторитетот на Канцеларијата на високиот претставник на меѓународната заедница (ОХР), јави хрватската агенција Хина.

И покрај бојкотот на опозициските партии, владејачкото мнозинство, собрано околу Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик, го прифати нацрт-законот за недвижности и го поддржа нацрт-законот за основање на Високиот судски и обвинителски совет (ВСТВ) на РС.

Со првиот закон, Националното собрание на РС практично ја укина одлуката на поранешниот висок претставник Педи Ешдаун од 2005 година за забрана на располагање со државниот имот додека не биде усвоен закон во парламентот на БиХ за регулирање на ова прашање.

Одлуката на Ешдаун беше заснована на фактот дека БиХ, како правен наследник на поранешната Социјалистичка Република БиХ, беше и наследник на целиот општествен имот во тоа време.

На директна иницијатива на Додик, властите на РС одлучија да ја поништат одлуката на високиот претставник и еднострано да преземат недвижен имот на територијата на ентитетот чиј носител е БиХ како држава.

Нацрт-законот за ВСТВ на РС предвидува преземање на овластувањата кои од 2004 година ги има ВСТВ на БиХ како тело кое е единствено овластено да именува судии и обвинители во целата земја.

Тој нацрт сега треба да оди во јавна расправа, а потоа повторно да се разгледа во ентитетскиот парламент во форма на предлог-закон.

ОХР, Делегацијата на ЕУ во БиХ и Амбасадата на САД претходно предупредија дека парламентот на РС, со поддршката на овие закони, го доведува во прашање владеењето на правото и самите основи на Дејтонскиот договор.

Ставот на ЕУ е дека, особено, законот на РС за ентитетски ВСТВ всушност го блокира патот на БиХ кон членството во ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На плоштадот Краина во Бања Лука се одржува голем народен митинг „Србија те вика“

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина