БиХ е во најтешката политичка криза од завршувањето на војната

Од:

Босна и Херцеговина се наоѓа во веројатно најтешката политичка криза по завршувањето на воените судири, а приближувањето кон ЕУ и НАТО е во застој,констатирано е на денешната средба меѓу претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, и амбасадорот на САД, Патрик Мун.

Мун, кого Комшиќ денеска го прими во проштална посета, истакна дека БиХ и натаму ја ужива поддршката на САД, особено во делот на процесот за приклучување кон НАТО и добивањето статус кандидат за Европската унија.

Комшиќ изрази загриженост за сегашната состојба во БиХ и очигледното запирање на сите процеси што се однесуваат на НАТО и ЕУ и истакна дека е крајно време да дојде до деблокада на овие процеси и одговорните да почнат да ја работат својата работа.

Во текот на средбата било кажано и дека треба да се решат многу отворени прашања, бидејќи е очигледно разочарувањето на граѓаните во политичките структури во БиХ.

Амбасадорот истакна дека во текот на мандатот во БиХ се обидел на најдобар начин да ги спои интересите на својата земја и очекувањат на граѓаните на БиХ и нагласи дека и неговиот наследник ќе продолжи со политиката што ќе ги уважува сите во БиХ, сооопшти Службата за односи со јавноста во Претседателството на БиХ.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина