Би-Би-Си: Обнова на „проруските чувства“ во Бугарија за време на предизборната кампања

Од:

Во текот на предизборната кампања, за минатонеделните парламентарни избори во Бугарија, е збележано обновување на некогаш силните „проруски чувства“ во оваа балканска земја, забележува Би-Би-Си, повикувајќи се на кампањата на дел од бугарскте политички партии.

Во текот на кампањата некои партии, отворено, им даваа висок приорите на соработаката со Русија, додека други заговараа и приклучување на Бугарија кон Евроазиската Унија, за сметка на ЕУ, во која земјата членува од 1 јануари 2007 година, како и за сметка на припадноста во НАТО.

Актуелни министри во владата во Софија, која е на заминување, по поразот на досега владеачката социјалистичка партија, предупредуваат дека ваквата кампања на дел од бугарскте партии, создава тензии во земјата и предизвикува недоразбирања, што се рефлектираат во безбедносната политика.

Лидерот на бугарската националистичка партија Атака, Волен Сидеров, која важи за изразито проруски определена, меѓутоа, ги отфрла ваквите обвинувња. Во изјава за Би-Би-Си, Сидеров ги оквалификува критичарите на неговата политичка линија, како „американски агенти“.

Бугарија е членка на Северноатланската Алијанса и од 1 јануари 2007 година и земја-членка на ЕУ, но таа важи за земја со силни, традиционални врски со Русија, која во времето на комунизмот беше означувана како најлојалниот сојузник на Советскиот Сојуз.

Евроазиската Унија ја создава Москва и официјалното објаснување за мотивите за креирањето на една вкава заедница, не е политичко,туку економско-финансиско. Покрај Русија,во оваа унија треба да влезат уште и некои од поранешните советски републики.

Во западните медиуми и кај дел од политичарите на Западот ,создавањето на Евроазиската Унија се означува како обид за „реставрација“ на некогашниот Советски Сојуз.

Појавата на „проруски чувства“ на бугарската политичка сцена, доаѓа во време на криза во бугарско-руските односи и на „војната со зборови„ меѓу Софија и Москва. Причина за тоа се руската вмешаност во кризата во и околу Украина, како и притисокот на Москва да се забрзаат работите на гасоводот „Јужен поток“ што минува низ бугарската територија.

Бугарската Влада, под притисок на ЕУ и на САД, во август годинава го „замрзнаа“ проектот со гасоводот, но според толкувањата од Москва, работите на теренот продолжуваат.

Расправијата ескалираше понатаму, по изјавата на бугарскиот претседател Росен Плевнелиев кој ја оквалификува Русија како „националистичка и агресивна држава“ поради „вмешаноста“ на Москва во кризата во Украина, што предизвика гнев во руската политичка јавност.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски