Во Црна Гора, секој што е вакциниран и има потврда за тоа, од денеска може да добие пијалак во одредени угостителски објекти.
Претставникот на Угостителите на Црна Гора, Никола Буздован, за утринската програма на ТВЦГ изјави дека со тоа сакаат да дадат свој придонес пред туристичката сезона.
Вакцинираните лица ќе можат да добиваат пијалаци на одредени места.
– Побаравме поддршка од Министерството за здравство и економија, но не ја добивме. Сепак одлучивме да продолжиме со тоа во нашите можности – рече Буздован.
Тој посочи дека целта на кампањата е да ги охрабри граѓаните да се вакцинираат, барем во угостителството и хотелиерството.