Бериша побара од демократите максимална ангажираност за изборите

Од:

Демократската партија ќе биде главна политичка сила во земјава, која оди кон 23 јуни одлучна да ја одработи визијата и најдобриот проект за европска развиена Албанија, во наредните четири години. Ова го изјави премиерот и лидер на владеачките демократи Сали Бериша на средба со локаланите лидери на партијата од кои побара максимална ангажираност за престојните парламентарни избори.

– Изборите се пред врата и тоа бара тотална мобилизација на севкупниот потенцијал на ДП. ДП останува локомотива на интегративните процеси на Албанија. Таа била и останува партија на големи реформи, на храброст, на реформите и нивниот успех. Во овој контекст, многу е важно заедно да направиме нешто за да се привлечеме мислењето секој албански гласач, изјавил Бериша.

Тој побарал да се остват настрана сите предрасуди и да се дебатира без никакво вид предрасуди, да се слушнат внимателно граѓаните, нивните грижи и проблеми.

Бериша е убеден дека неговата партија на 23 јуни ќе го оствари третиот изборен триумф по ред. Демократите победија на парламентарните избори во 2005 и на оние по четири години, во 2009 година. Доколку се реализираат желбите на Бериша демократите ќе бидат прва партија во Албанија која власта ќе ја иам во свои раце непрекинато 12 години.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек