Бериша обвини за „валкан договор Рама-Баша“

Од:

Растат политичките тензии во Албанија, не само помеѓу опозицијата и владејачкото мнозинство туку и меѓу лидерот на опозуцуската Демократска партија(ПД), Љуљзим Баша и поранешниот претседател, екс премиер и историски лидер на партијата, Сали Бериша, по одлуката на Баша за негово исклучување од пратеничката група.

Бериша, кој учествуваше во работата на првата седница во изјава за новинарите, пред Парламентот обвини за „валкан договор меѓу Баша и Рама“ и додаде дека одлуката за негово исклучување е еднаква на нула, најавувајќи дека продолжува да биде член на пратеничката група на ПД.

-Ќе преземам секоја иницијатива во рамки на ПД за да се врати на пиедесталот што го заслужува. Како што можете да видите, јас сум член на пратеничката група на ПД. Компромисот, валканиот договор Рама-Баша е ништовен, нема правна основа, освен морална нечистотија во задкулисното пазарење против една политичка сила. Можам да влезам во седиштето на ПД во секое време и да бидете сигурни дека денот е многу блиску кога ПД ќе ја врати сета сила, сета решителност, легитимитет, да ја исфрли владејачка клика базирана на криминал, дрога, силување гласови и валкани пазарења, со оние кои ја претвораат ПД во фасада на опозицијата. За сега толку, им рече Бериша на новинарите.

При влегувањето и излегувањето од собраниската зграда, Бериша, со кого беа шест пратеници, кои не се согласуваат со одлуката на Баша, беше пречекан со аплауз и зборови на поддршка од поголем број симпатизери на партијата, кои бараа оставка од Баша, употребувајќи погрдни зборови за него. Тој пак ги заобиколи и во зградата влезе од споредна врата, заедно со двајца пратеници.

На новинарско прашање дали е точно обвинението на Бериша дека постои соработка Рама-Баша, тој се спротивстави, нарекувајќи го Рама непријател на Албанија.

-Албанија има само еден непријател а тој е Еди Рама, рече Баша, кој одби да одговори за наводен обид за негова смена од лидерката функција, ниту дали врз него се вршел притисок за исклучување на Бериша.

Лидерот на владејачките социјалисти и актуелен премиер Еди Рама не сакаше да ги коментира последните случувања во таборот на демократите, само рече дека влегол во Парламентот со подадена рака за соработка во интерес на земјата и нејзините граѓани.

-Влеговме во ова собрание за трет мандат со подадена рака, го реков ова, не знаејќи како ќе се одвиваат работите во ПД, раката е испружена да соработуваме во функција на земјата и обврските што ги имаме кон народот, рече Рама.

Тој избра да не одговори и на прашањето „ дали се пазарувал со Баша“ околу Бериша и други прашања.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек