Бербок во Приштина: Балканот има перспектива за интеграција во ЕУ

Од:

Министерката за надворешни работи на Германија, Анелана Бербок изјави вечерва дека Косово и целиот балкански регион имаат перспектива за интеграција во Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина.

На прес конференција во Приштина, по средбата со косовскиот премиер Албин Курти, шефицата на германската дипломатија изјави дека нејзината посета на Косово и на регионот „ја потврдува таа визија“.

Бербок истакна дека Косово ги исполнило критериумите за визна либерализација и дека „сега ѝ останува на Европската унија да ја заврши својата работа“.

Осврнувјќи се на намерите во Приштина да аплицира за добивање на статусот на кандидат за членство во ЕУ, германската министерка вели дека предуслов за добивање на тој статус е постигнувањето напредок во дијалогот со Србија.

– Една од предностите е јакнењето на довербата внатре во регионот. Ни треба напредок во дијалогот меѓу Косово и Србија. Јас не можам да замислам дека тие страдања од војната кои ги доживеало секое семејство и тоа насилство ќе се прооследуваат со генерации. Треба да се преземе одговорноста и да се има храброст за тешки одлуки, рече Бербок.

Таа нагласи дека е потребно да се најде решение за гласањето на косовските Срби на општите и претседателски избори во Србија на 3 април.

Косовскиот премиер изјави дека „и покрај доцнењето и разочараноста од ЕУ“ поради неукинувањето на визниот режим за косовските граѓани, „Косово нема друг пат освен оној кон ЕУ“.

Курти истакна дека ѝ изразил уверување на шефицата на германнската дипломатија дека Косово е стабилен партнер на Германија и на ЕУ.

– Ѝ изразив уверување на министерката Бербок дека Косово е стабилен партнер и дека тоа сме го докажале со приемот на бегалците од Авганистан, со украинската криза и со санкциите кон Русија, рече Курти.

Министерката за надворешни работи на Германија, Бербок, во рамките на балканската мини-турнеја, попладнево допатува во Косово од Босна и Херцеговина, а утре ќе замине во еднодневна посета на Србија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска

Бербок: Путин со нов терор одговара на мировните предлози

Лидерот на Српската демократија денеска е уапсен во северниот дел на Косовска Митровица

Горан Наумовски