Белграѓанка прифати семејство од Сирија во својот стан

Од:

Белграѓанка преку својот Фејсбук профил ги повикува сите да го следат нејзиниот пример и да им помогнат на мигрантите. Таа во својот стан прифати мајка со две деца и фотографиите ги објави на социјалната мрежа.

11870715_10152979717251906_803984936966879917_n11895943_10152979717426906_3901948718468409328_n
Се работи за Јелена Милиќ, директорка на Центарот за евроатлантски интеграции. Таа привремено во својот дом ја смести мајката со двете деца кои избегале од Сирија, а насмевките на нивните лица говорат дека не е потребно многу за некого да направиш среќен.

Милиќ е политичка аналитичарка од Србија, чиј Центар за евроатлантски студии е основан во 2007 година и кој се залага за членство на Србија во ЕУ и НАТО, но и ги анализира либералните трендови во западните земји.

11911875_10207149418355558_1343062571_n

Таа од своите пријатели на Фејсбук бара да ги шират информациите со совети за бегалците додека се во Србија и да ги информираат додека се на улица.

На нејзиниот профил споделува секакви совети-од тоа каде има бесплатен инетрнет со тоа каде може да се набават картички за мобилен телефон. Сите инфорамции се преведени за да можат да ги разберат бегалците.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он