Белград: Уапсени бугарски државјани, кои се дел од кинеска секта

Од:

Девет бугарски државјани, припадници на организацијата „Фелун Гонг“ се уапсени во Белград, пренесе српски „Телеграф“. Станува збор за организација која во Кина се претставува како опозициска, а властите ја прогласија за верска секта и ја забранија.

Наводно тие десет пати испраќале барање да одржат протестен собир за време на тек на самитот, но не им било одобрено.

uapseniKineskasekta

По апсењето тие се спроведени во затвор во Падинска скела, каде што им е понудено да потпишат изјава дека во Србија дошле за да учествуваат на протест, за да бидат пуштени, да ја напуштат државата или во спротивно ќе бидат депортирани.

Исто така се наведува и дека од граница се вратени и двајца хрватски и еден словенечки државјанин, кои исто така се прпадници на оваа организација. Инаку самитот во Белград го обезбедуваат околу 10.000 полицајци.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија