Спречен атентат врз српскиот претседател Николиќ

Од:

Специјални единици на Министерството за внатрешни работи на Србија вчера на една улица во Нов Белград демонтираа бомба, која што беше пронајдена под автомобил „Голф 5“.

Со брза интервенција на специјалната единица спречена е несреќа која што би се случила доколку бомбата експлодираше.

Автомобилот бил паркиран пред кафуле во кое што бил и сопственикот. Тој забележал жици под автомобилот и му станало сомнително, поради што повикал полиција.

Припадниците на полицијата виделе дека се работи за бомба, па на лице место дошла специјална единица и безбедно ја отстраниле експлозивната направа.

Според соопштението на полицијата по извршениот увид се уште не се знае кој стои зад ова дело но и дека сопственикот од порано му е познат на Министерството како сторител на повеќе кривични дела.

Инаку паркираниот автомобил се наоѓал во близина на станот на претседателот Томислав Николиќ и министерот за финансии и стопанство Млаѓан Динкиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија