Бегалците ја заобиколуваат Хрватска

Од:

Соочувањето на хрватската држава и општеството со проблемот на барањата за азил најмногу искушенија бележи од моментот на потребната целосна интеграција на заштитените странци во пошироката домашна заедница.

Влезот на членството во ЕУ минатата година за Хрватска беше момент на пресврт и кога се работи во политиката кон азилантите и бегалците. Имено, земјата доспеа на ивица на континентална асоцијација и со тоа од почетокот потенцијално повеќе се изложи на бранот на очајниците кои од Азија и Африка бегаат од војните и сиромаштијата. Сепак, статистиката во меѓувреме покажува до некаде парадоксален ефект: бројот на побарани азили падна во Хрватска од 896 на 314, ако се спореди во првите девет месеци лани и оваа година. Исто така, за 37 отсто е во пад и бројот на забележаните незаконски преминувања на границата.

Тој тренд се објаснува преку два важни момента. Прво, во сила стапи т.н. Даблински закон, со кој е пропишано човек што бара азил да може да го поднесе барањето само во првата земја-членка на ЕУ во која се затекнал. Бидејќи тукашниот пазар на труд ни приближно не е добар како некои западно-европски, бегалците се повеќе ја избегнуваат Хрватска. Второ, хрватските погранични служби со влезот во ЕУ добија голема количина на софистицирана опрема за пресретнување на илегални мигранти. Конечниот резултат е само 129 одобрени барања за азил и супсидарна заштита оваа година.

Критична улога на медиумите

Ако на статистичките показатели за хрватското гостопримство, тој вид на околности до некаде и одат во прилог, се забележува проблемот на понатамошниот третман на азилантите и корисниците на супсидарната заштита. А проблемот инаку најлесно може да се опише како некој облик на преоден или пак половичен статус со одредени елементи на азил. Интеграцијата на тие луѓе во општеството, значи се покажува како најголем недостаток на системот во кој тие буквално заглавуваат без соодветна понатамошна помош. Хрватска не може многу да се пофали ниту со карактеристиките кои ја насликуваат како конзервативна и затворена средина.

Еден од одразите на општеството, но и негови покренувачи секако се медиумите, па загрепскиот Центар за мировни студии и филмско-продуцентскиот колектив Fade in, во почетокот на оваа недела организираа собир во улога на медиуми за инетграцијата на бегалците во хрватското општество. Темите беа разни критични точки на итегративниот процес во Хрватска, за што потоа разговаравме со Јулија Крањец од ЦМС; нај ангажирано домашно здружение во врска со проблематиката на бегалците. Така дознавме дека проблемите со кои се соочуваат бегалците се присутни во речиси сите подрачја од нивниот живот, од образованието, местото на живеење, вработувањето, здравството, до контактите со пошироката заедница и соочување со ксенофобијата.

Недостиг во образовниот систем

– На пример, се уште нема системски и професионален курс за јазик за бегалците, кој ќе им биде бесплатен. Се вртиме во круг на исклученост и сиромаштијата на таа група на луѓе која останува на маргините – ни рече Крањец. И иако Хрватска 10 години од стапувањето во сила на Законот за азил нема интегративна политика, од оваа година се спроведува Акциски план за отстранување на пречките во остварување на некои права во подрачјето на интеграцијата на странците. Инаку, во последно време тука престој добиваат најмногу од Сомалија и Сирија, а претходните години од Авганистан, Ирак, Турција, итн.

– Изработката на акцискиот план е значаен чекор во развојот на системот за вклучување на бегалците и странците во хрватското општество – смета Јулија Крањец, па во следниот период очекуваме евалуација на ефектите од спроведените мерки, идно унапредување темелено на потребите на бегалците и странците и поактивно вклучување на сите соодветни институции.

Најзначајни детектирани проблеми поединечно се однесуваат на ресорот на Министерството за образование, а со оглед на недостигот на образовен систем кој треба да биде клучен за спречување на расизмот и учење на прифаќање на други кои се поразлични од нас.

Поука од Татковинската војна

Јосип Крегар на Правниот факултет во Загреб меѓу другото предава и за човекови права, па секако ја познава оваа материја и актуелните прилики во Хрватска. – Статистиките покажуваат дека не сме ветена земја за луѓе што бараат азил. Но, не затоа што сме мали или сме во криза. Без оглед на вртоглавиот пораст на луѓе кои бараат азил од лани, не ги подобривме условите за нивен прием – изјави Крегар за Дојче веле, изразувајќи жалење што тие луѓе не дошле во Хрватска како безгрижни туристич. Покрај се, треба да се има на ум дека Хрватска сепак не поднесува голем притисок како што имаат Италија или Грција.

– Често се повторува тезата дека во Татковинската војна беа заборавени, препуштени сами на себе. Тоа лесно ќе го демантираат податоците за бројот на нашите азиланти тогаш, за несебичната политика на многу земји па и материјалната помош. Но, ни се чинеше неприфатливо и погрешно да не се помогне во неволја, тоа се сметаше за грев кој не може да го оправда ниту една политичка причина или просторна оддалеченост – дециден е Јосип Крегар. Тој смета дека Хрватска не треба да ги враќа услугите ниту да биде милослива, туку едноставно да се почитува правото на азил на тие кои се во неволја. На нив им е доволно да им се даде храна и сместување, на нив им треба се она што ни треба и на нас, вели Крегар.

 

Дојче веле – Бон

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

РТЛ: Бродовите во Медулин биле запалени со „Молотов коктел“

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски