Баша за повеќе општини, за Рама и постојните се многу

Од:

Прашањето за нова територијална поделба на Албанија се чини ќе биде нов камен на сопнување меѓу албанските владејачки социјалисти и опозицските демократи.

На последната пленарна седница на албанскиот законодавен дом, по барање на демократите на Љуљзим Баша, беше изгласана комисија за ова цел, како возврат за дадената поддршка на демократите за уставните измени за продолжување на мандатот на телата за ветинг во правосудството.

Баша веќе ги почна средбите на кои тој оцени дека новата територијална поделба е „извонредна можност да се воспостави локална власт во служба на народот“.

-Преку иницијативата на Демократската партија за да ја почнеме работата за новата територијална реформа во албанскиот парламент, имаме должност да му дадеме на народот локална власт поблиска до него и само во нивна служба“, рече Баша на средба со експерти од оваа област одржана во Тирана и најави средби и со граѓанитеза да го чуе нивното мислење.

Од друга страна премиерот Рама изгледа е против идејата на Баша за новата територијална реформа да се зголеми бројот на локални единици, и изјави дека и постојните се многу.

-Мислам дека треба да има помалку локални единици, но и покрај тоа секогаш сум со отворен став да влезам во дискусии со опозицијата. Комисијата е таму да разговара за сето ова и да го направи најдоброто за државата. Верувам дека од наша страна ќе биде вредно да се соочат аргументите, да се слушаме и да дојдеме до заклучоци кои и служат на земјата, вели Рама.

Законот за териториална поделба во Албанија беше изгласан во 2014 година, кога од 361 останаа 61 општина. Тогаш демократите се залагаа за најмалку 80 општини.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

А1он

ВИДЕО Еди Рама збесна за време на пренос во живо: „Е*и се, е*и се“

Горан Наумовски

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија