Баша го подржува протерувањето на иранските дипломати, но бара битка и против организираниот криминал во Албанија

Од:

Лидерот на најголемата албанска опозициска партија, ,Демократската, Љуљзим Баша, ја поддржа одлуката на албанските власти за прогласување непожелни личности и протерување на иранскиот амбасадор во Тирана и уште еден дипломат од оваа амбасада, поради тоа што претставувале „опасност по безбедноста на земјата“.

Изјавата на Баша сепак има едно „но”, во врска со организираниот криминал во земјата. Тој наведува дека „борбата против тероризмот како форма на меѓународно организиран криминал, се компромитира кога идентично не се спроведува бескомпромисна битка против организираниот криминал во сопствената земја“.

-Во име на Демократската партија, изразувам поддршка за прогласувањето непожелни личности и протерување на иранските дипломати, кои со своите активности го нарушуваат „дипломатскиот статус” и ја загрозуваат националната безбедност. Демократската партија бара од државните структури за национална безбедност, стабилна посветеност и искрена соработка со стратешките сојузници како единствена гаранција за спречување и неутрализација на таквите активности на територијата на Република Албанија, изјави Баша.

Во врска со настанот реагираше и третата по големина партија во земјата, опозициското Социјалистичко движење за интеграција. Партскиот потпретседател и координатор на пратенчката група, Петрит Васили, пренесувајќи го партискиот став, изјави дека протерувањето на иранските дипломати е задоцнето и неискрено.

-Протерувањето на иранскиот амбасадор, иако е позитивен, сепак е многу задоценет и неискрен чин. Се чини дека е наметнат а не волја на владата, бидејќи очигледни индикации за терористички дејства имаше и порано. Сите сме против тероризмот и секоја акција против него е многу значајна за консолидација на демократијата, оценува Васили.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек