Баросо ја поздрави одлуката на Рама да го посети Белград

Од:

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо по денешните средби со албанскиот државен врв и лидерот на најголемата опозициска, демократска партија, упати силна порака, како за власта така и за опозицијата.

– Најдете консензус и продолжете со реформите. Не ја политизирајте борбата против трговијата со наркотични средства. Добивањето кандидатски статус е голем успех на Албанија, но тоа бара максимално ангажирање и исполнување на обврските кон Унијата, истакна Баросо.

Баросо, кому ова му е втора посета на Албанија по осум години и чиј мандат е пред завршување, се обрати и пред Парламентот.

– Треба да работите заедно, пособено треба максимално ангажирање против корупцијата и спроведувањето на реформи во судството. Ние секогаш ја поддржуваме вашата земја и земјите од регионот, но критериумите треба да се исполнат. Без Југоисточна Европа ЕУ не може да се нарече обединета. Од Тирана до Сараево, од Белград до Приштина, луѓето гледаат спас во ЕУ, посочи Баросо.

Тој ја поздрави одлуката на албанскиот премиер Еди Рама да го посети Белград и да се сретне со српскиот премиер Алекдандар Вучиќ, што Рама му ја соопштил за време на средбата.

Српскиот премиер Вучиќ вчера упати честитка до Рама за добиениот кандидатски статус истакнувајќи оти се надева на  средба со Рама во Белград, која би се случила оваа есен.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност