Баросо и Самарас официјално не збореле за Македонија

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, денеска се сретна со грчкиот премиер Андонис Самарас, со кого според нивните официјални изјави, разговарале само за структурните и фискални реформи во однос на економската ситуација во Грција, како и за грчкото претседателство со Унијата кое започнува на 1 јануари 2014 година.

Официјалните информации од средбата се дека тоа навистина биле двете единствени работи за кои разговарале Самарас и Барозо, но неофицијални извори од Комисијата, за дописникот на МИА од Брисел велат дека Самарас побарал од првиот човек на неформалната Влада на Унијата, ЕК да “олади” од Република Македонија.

– Грција се враќа на патеката и економски заздравува, порача по сотанокот Самарас.

Баросо, пак, истакна оти Европската комисија е целосно со грчкиот народ и грчката држава во надминувањето на финансиските проблеми.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски