Бан Ки-мун: Договорот меѓу Белград и Приштина е историско достигнување

Од:

Договорот за нормализација на меѓусебите односи што го постигнаа Белград и Приштина со посредство на ЕУ, претставува историско достигнување, оценува генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун во неговиот најнов тримесечен извештај за Косово, доставен до Советот за безбедност на Светската организација.

Поздравувајќи го постигнатиот договор, Бан оценува дека тој и дава „значителни овластувања на заедницата на српските општини“.

Во извештајот, кој се однесува на периодот од 16 јанури до 22 април, се повикуваат Белград и Приштина „да воспостават канали за комуникација и да вложат напори за спроведување на договорот“.

Како што пренесува приштинскиот весник „Трибуна“, во извештајот доминираат „позитивни тонови“ со пофалби за српските и косовските лидери, при што се избегнати критики за безбедносната состојба во Косово.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски