Бан до Приштина: Решете ја кризата и продолжете со разговорите со Белград

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изрази загриженост поради политичкиот застој во Приштина и ги повика косовските лидери да ги засилат напорите за изнаоѓање решение.

Тој апелираше што побргу да продолжат со дијалогот со Белград.

– Особено сим загрижен поради продолжениот политички застој во Приштина и можните негативни последици за досега остварениот напредок во јакнење на демократските институции и процеси на Косово, наведува Бан во извештај до СН на ОН за кој ќе се расправа на 13 ноември.

– Упатуван силен апел до сите косовски политички ентитети и првенствено до нивните лидери, да зајакнат напори за да бидат успешни изборите од 8 јуни и за надминување на актуелниот застој, се вели во документот, јави Танјуг.

Бан додава дека сегашната генерација лидери мора да продолжи со историски процес за нормализација на односите Белград-Приштина, да се помири со минатото, да ги искористи можностите од Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и да продолжи со структурални реформи.

– Ги повикувам исто така сите страни да најдат начин да го забрзаат процесот без оглед на краткотрајните политички предизвици, додава тој.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска