Бамие: Високи структури на ЕУЛЕКС сакаа да се прикрие истрагата за тројното убиство

Од:

Марија Бамие, суспендираната обвинителка на ЕУЛЕКС, која е под истрага за предавање тајни документи од приштинскиот весник „Коха диторе“, за весникот „Данас“ изјави дека главниот обвинител на ЕУЛЕКС Јарослава Новотна и нејзиниот заменик Џонатан Рател вршеле притисок и ја блокирале истрагата за тројното убиство.

Во документот се наведува дека меѓународните судии на Косово во замена за пари пуштале на слобода осомничени лица.

Станува збор за случајот со тројно убиство, за што двајца сторители се осудени на високи затворски казни, а третиот италијанскиот судија Франческо Флорит наводно го пуштил од затвор за што добил поткуп од 300.000 евра, наведува весникот „Данас“.

Според обвинителката Бамие и било забрането да зазговара со Назим Блак, осуден на 4,5 години за егзекуции на Косово, а заменикот Рател не сакал таа да го истражи случајот Американски универзитет (АУК).

На прашањето дали е точно дека обвинителот Џонатан Рател вршел притисок, прикривал кривични дела и врски со криминалци на Косово, Бамие изјави дека сите тие одат на вечери и приеми со високи службеници и разговараат за предметите. – Понекогаш, лицата со кои зборуваат се поврзани со криминалци и доверливи информации истекуваат, што е докажано со случајот Вила Грмија, што обвинителката Новотна го прекина, навдува весникот.

– Нејзиното мешање во моите предмети и фактот дека мои одлуки протекоа од нејзината канцеларија потврдуваат дека не е вмешан само Рател, туку и други. Инаку, Рател вршеше притисок врз мене, така што, блокираше некои мои истраги, изјави Бами.

Бамие, исто така, тврди дека Рател и се заканувал и правел напори да биде уапсена, дека имала притисок од ЕУЛЕКС и дека против неа се води истрага, бидејќи излегла во јавност.

На прашањето што е официјалното објаснување за нејзината суспензија Бамие изјави дека тоа што дала тајни документи на косовскиот весник „Коха диторе“, што според неа не е точно. Бамие, на прашњето дали знае дека некој се обидел да ја прикрие нејзината истрага, таа одговори дека станува збор за високи структури на ЕУЛЕКС, но дека не знае точно кои.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица