Неодамнешните поплави на Балканот се заменија со тропски горештини во Хрватска, Србија, Босна и Херцегодина и Македонија, каде температурите достигнаа до 37 степени Целзиусови.
Над 100 лица побарале медицинска помош во Белград поради вчерашните рекодно високи температури. Само до 14 часот „Брзата помош“ примила 77 повици, во најголем дел од случаите за топлотни удари.
Хрватските власти објавија предупредување поради исклучително високите температури во централниот дел на земјата.
Во Македонија и денеска е објавена тревога за жолта топлотна фаза. Според метеоролозите тропските температури во регионот ќе се задржат до крајот на неделата.