Балканот во страв од експлозија – 5.000 локации, 10 месеци во грч

Од:

Балканот е на нога, повеќе од 10 месеци речиси секојдневно дојави за поставени бомби во Србија, Хрватска, Босна, Црна Гора, Косово и во Македонија.

Според информациите од српското МВР, само од 1 јануари до 7 јуни (6 месеци)= извршени се 1.243 контрасубверзивни инспекции како одговор на дојавите за поставени бомби, а ангажирани биле и дополнителни полициски сили.

Извештаите за наводни бомби се интензивираа по почетокот на војната во Украина. Тие, меѓу другото, пристигнаа и на адреси на училишта, аеродроми, болници, амбасади во Србија. Се вели дека заканите за наводно поставени бомби се добиваат по електронска пошта од странство од шифрирана услуга, која, за разлика од другите сервиси, не чува податоци.

На 10 јуни Министерството за внатрешни работи на Србија објави дека во Гамбија е уапсен маж, идентификуван само со иницијали, кој признал дека испраќал заканувачки пораки до Србија за поставени бомби од својата електронска адреса. Изјавија и дека се сомневаат оти во ова помагал студент од Полска, но за него не се соопштија дополнителни детали. Од МВР Србија изјавија дека заедно со Обвинителството за организиран криминал ќе поведат меѓународна правна помош, со цел кривично гонење на осомничениот од Полска.

Полицијата тогаш соопшти дека е утврдено оти осум имејла пристигнале од адреси во Полска, четири од Гамбија, по две од Иран и Нигерија, како и од Украина, Словенија и од Русија. Лицата што ги испратиле заканувачките имејлови се идентификувани, а бидејќи се работи за странски државјани, преку Европол и Интерпол се разменуваат податоци со полицијата и во Шведска, Литванија, Швајцарија, Русија и во Унгарија, како со „Гугл“.

„Нападите врз нашата земја не беа ниту иницирани ниту извршени од некој поединец, тоа се масовни, организирани и многу скапи хакерски напади, спроведени од разни центри за хибридна војна“, вели Вулин.

И Црна Гора објави дека еден од случаите со дојави за бомби успеала да го расчисти. Дојави за наводно подметнати експлозивни направи во училишта во Црна Гора испратил малолетник државјанин на Чешка, кој не е поврзан со Црна Гора, соопшти црногорската полиција. Извештаите за наводно поставени бомби во црногорските училишта дојдоа од адреса на е-пошта со име „Ричард Рамирез“, а авторот се претставил како Владислав Поздњаков од руската екстремистичка група „Машка држава“. Пораката беше со наслов „Сите ќе умрете“, а авторот се закани дека со автоматска пушка во рацете се упатил кон едно подгоричко училиште.

Хронологија на дојавите за бомби на Балканот

Масовните закани за поставени бомби во Србија почнаа на 16 мај кога беа евакуирани повеќе од 170 училишта во Белград, голем број деловни згради и аеродромот во Ниш.

Два дена подоцна, првпат цел беа здравствените установи, а потоа, до крајот на мај, во градовите во Србија спорадично пристигнуваа извештаи за бомби во училишта и во други јавни установи.

Од 11 до 15 март, „Ер Србија“, за пет дена, доби три лажни пријави за бомби во авиони што сообраќаат на релација Белград – Москва, а на адресата на белградскиот аеродром пристигнаа три имејла ви со предупредувања за наводни бомби.

27 април – цел е Црна Гора. Училиштата во Подгорица, Никшиќ, Бар, Беране, Бјело Поље, Колашин, Херцег Нови, Будва, Цетиње, Улцињ, Котор, Рожае беа евакуирани. Анонимни пораки стигнале и на адресите на одредени општини во Црна Гора: Подгорица, Никшиќ, Бар, Цетиње, Херцег Нови, Бјело Поље.

На 13 мај беа испратени закани за бомби на адресите на три трговски центри и четири студентски дома во Белград.

16 мај – дојави за бомби на белградските мостови – Бранков мост, мостот „Газела“, новиот железнички мост, како и на Панчевачки мост, трговскиот центар „Стадион“, но и во објектите за прочистување на водата.

На 16 мај повеќе од 170 училишта во главниот град на Србија и аеродромот во Ниш беа евакуирани поради анонимни дојави за поставена бомба, само еден ден откако таквите извештаи ги добија белградската Зоолошка градина, железничката станица и некои студентски домови.

На 18 мај првпат цел беа и белградските болници: Клиничкиот болнички центар „Драгиша Мишовиќ“, Градската болница и Гинеколошкиот центар на Звездара, како и здравствените установи во Ниш и Нови Сад.

25 мај – Сараево. Неколку училишта по е-пошта добиле пријава за поставена бомба. Објавен беше и наводниот текст на дојавата за бомба, која била испратена на имејловите на училиштата.

„Во училиштето има бомба, слушам гласови, гласови во мојата глава
Јас сум луд – Јас сум изрод
Ќе ги убијам децата. Жал ми е, луѓе
Во името на светла иднина, амин“, стои во пораката што ја добиле училиштата.

На 8 јуни зачестени дојави за бомби на целиот Балкан. Србија – дојави добија 174 основни и 97 средни училишта во Белград. Полицијата на почетокот на јуни го испразни целиот клинички центар во Бања Лука, во Босна и Херцеговина, вклучувајќи ги и најтешките пациенти.

За некои од овие дојави во Србија, полицијата тврдеше дека се од малолетници

„Поради лажни дојави за подметнати бомби во јавни објекти, припадници на МУП за четири дена кривично гонеле осум лица, државјани на Србија – две лица се уапсени, а во редовна постапка се поднесени кривични пријави против уште шест малолетни лица“, се наведува во соопштението на МУП Србија.

12 јуни – извештаи за бомби и во Загреб. Дојавите стасаа до имејл-адресите во неколку трговски центри и објекти во Загреб.

Речиси истиот ден дојави повторно и во Србија. Имејл во кој непознат испраќач наведува дека на многу локации во Белград е поставена експлозивна направа.

„Поставивме бомби на следниве локации:
На терминали на аеродромот ‘Никола Тесла’ на летовите TK 1080 и FZ 1746. Во простории на ‘Ер Србија’ во Белград. Во простории на турски авиокомпании во Белград, Музејот на Никола Тесла, Белградската тврдина, Музејот на современата уметност во Белград, Националниот музеј, ‘Штарк арената“, Зоолошката градина во Белград, во руската, белоруската, кинеската, суданската и во кубанската амбасада. Поставивме бомби и на железничките станици во Белград, трговските центри и на универзитетите“, се вели во испратената дојава.

За само неколку дена, нова дојава. Овој пат на листата се и куќите на Вучиќ и на Брнабиќ. Ова е содржината на испратениот имејл.

Поставивме бомби на следниве локации:
Студентскиот плоштад на Универзитетот во Белград 1
Унион универзитетот – „Никола Тесла“, Факултетот за спорт – „Народни херои“ 30, 1. кат, Факултетот за применета екологија – „Футура’“, Рударско-геолошкиот факултет, Универзитетот во Белград, Универзитетот „Сингидунум“’
Трговскиот центар ТЦ „Земун парк“ – Земун
ТЦ „Галерија“ – Белград, Нов Белград
Железничката станица во Белград – „Центар“, Железничката станица „Дунав“
Куќата на Александар Вучиќ
Куќата на Ана Брнабиќ
Куќата на Александар Вулин
Овие бомби ќе експлодираат помеѓу 16 и 18 часот. Русија е терористичка нација, која продолжува да го тероризира светот. Србија ги поддржува и е нивна порта кон Европа, па не ни останува ништо друго, освен да ѝ држиме лекција на Србија. Ќе продолжиме да ги бомбардираме вашите градови додека не ја направите вистинската работа. Ѝ ставивте санкции на Белорусија, сега СТАВЕТЕ Ѝ И НА РУСИЈА. Нема да нè спречиш, се вели во испратената дојава.

И јуни е полн со дојави за бомби.
16 јуни – пристигнати се пријави во училиштата во Ваљево, Краљево, Белград, Ниш, Пожаревац, Заечар, Ужице, Јагодина, Чачак, Крушевац, Зрењанин. Известување за поставена бомба во Министерството за надворешни работи на Србија и во Собранието на Град Белград.

„Поставивме експлозив на овие локации: Бранков мост, мостот „Газела“, новиот железнички мост, мостот „Ада“, Панчевачки мост, Народен музеј, „Делта сити“, ТК „Змај“, „Ада мол“, Трговскиот центар „Стадион“, Трговскиот центар „Коњарник“, Зоолошката градина во Белград, аквариум и тропикариум, „Мекдоналд Бежаниска Коса“, аеродромот „Евродом“ во Белград, главната станица во Белград, Претседателскиот дом, Градскиот совет, во сите електрани, во сите постројки за прочистување на водата, во руската амбасада во Белград…

Во исто време е-пошта со дојава за бомба добија и 71 училиште во Косово

Во месеците што следуваа имаше спорадични дојави во речиси сите земји, но повторно зачестија дојавите во октомври.

Во Србија на 17 октомври повторно дојави за бомби во повеќе училишта, но и во обични станбени згради во Ниш. Во дел од пораката се тврди дека бомба има на паркинг во Нови Сад на улицата Филип Вишњиќ 47 (2 бомби), станбена зграда на Филип Вишњиќ 17а (3 бомби, едната во станот со број 10, другите две во јавниот дел од зградата), централната железничка станица (6 бомби).
Дојави пристигнале и во Полициската станица Булевар Крал Петар 11 (3 бомби), Полициската станица (2 бомби), Полициската станица Руменачка 159 (2 бомби).
Првпат дојави стасаа и за обложувачници, а наведени беа и точните нивни адреси и бројот на поставени бомби.

20 октомври, Загреб. Непознат сторител со име „Армија на Стрелков и Лимонов“ тврдел дека поставиле 22 бомби на пет локации. Наведоа дека има дури 12 на аеродромот, по две во полициската станица во улицата Бауерова, во „Мекдоналд“ на Љубљанската авенија.

Во октомври закани за бомба ја блокираа и БиХ. Дојави стасале во клинички центри.

Во декември нови извештаи за бомби во Бар, Бјело Поље, Котор, Никшиќ и Подгорица

За целиот овој период дојави имаше и во Македонија, кои се чини зачестија во ноември и декември. Според она што досега го знаеме, не сме ни блиску до откривање на сторителите, а штетата што е причинета е огромна. Освен стравот и паниката, ваквите дојави се проблем и за бизнисот, а се трошат и огромни средства и дополнителни полициски сили за обезбедување и проверка на секоја дојава одделно.

Би можело да ве интересира

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Дојави за поставени бомби ги испразни судовите во Подгорица

Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

А1он

МВР: Лажни се дојавите за поставени бомби во објекти во Охрид и Кратово