Балканот го кандидираше Ѓурѓовден за листата на наследство на УНЕСКО

Од:

На иницијатива на Турција, земјите од регионот, меѓукои и Македонија, иницираа проект за номинација за вбројување на Ѓурѓовден на листата на нематеријално наследство на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО).

Во процесот на номинација учествуваа Македонија, Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Романија, Молдавија и Бугарија, но во финалниот процес на номинации беа изоставени БиХ, Црна Гора и Бугарија.

Помошникот министер за цивилни работи на БиХ Билјана Чамур изјави дека поканата од Турција пристигнала доцна, поради што БиХ и неколку други земји не стасале да ги исполнат сите услови до 31 март, кога Турција ја предаде номинацијата во УНЕСКО.

– Соработката меѓуземјите се одвиваше во преписка, усогласување на формулари и на состаноци на учесниците. Два состанока беа во Турција во 2012 година. Заедно со поплнетиот формулар предадовме видео материјали, фотографии, списоци со соодветна литература и согласност од припадниците на локалните заедници и релевантните стручни организации.

Резултатите од номинацијата ќе бидат познати во 2014 година, изјави за Анадолија Саша Среќковиќ од Етнографскиот музеј во Белград, кој беше вклучен во процесот на номинација. Тој дополни дека вбројувањето на Ѓурѓовден како заедничко наследство на неколку држави на листата на УНЕСКО, би имало позитивни ефекти на културната соработка во регионот.

Празникот на светиот великомаченик Георгиј познат како Ѓурѓовден се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и целото население, што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата.

Ѓурѓовден или Празникот на будење на пролета, препознатлив е во целиот регион и обилува со народни обичаи, кои се прават за заштита, за здравје, за плодност. Ѓурѓовден обично се врзува за ромската популација, со оглед на тоа дека Ромите го одбележуваат како свој најголем културно-верски празник.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ