Бајден: Белград и Приштина постигнаа историски договор

Од:

Американскиот потпретседател Џо Бајден во авторскиот текст за „Фајненшл тајмс“ пишува дека Белград и Приштина постигнаа историски договор за нормализација на односите, предупредувајќи дека следните чекори нема да бидат едноставни.

– Србија и Косово беа заробени во длабока и огорчена борба се досега. Низ дијалог, соработка но и болни компромиси, премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи постигнаа историски договор за нормализација на односите. Следните чекори нема да бидат едноставни, но со тоа лидерите им дадоа на своите граѓани извондредна шанса да ја изградат иднината врз основа на почитување на правото, заедничкиот просперитет и мирна коегзистенција, пишува Бајден.

Тој во текстот ги фали и напорите на Загреб, кој резултираа со влезот на Хрватска во Европската унија.

Бајден наведува и дека Црна Гора и Албанија забележале напредок на патот кон ЕУ, додека Македонија треба да продолжи со реформите и решавањето ан меѓуетничките проблеми и заедно со Грција да собере храброст за решавање на спорот со името.

Американскиот потпретседател осврнувајќи се на Босна и Херцеговина нагласи дека земјата нема никаков напредок и оти „народот заслужува повеќе“.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски