Aвтопатот Драч-Кукс оди под концесија

Од:

Следниот месец албанската Влада ќе објави тендер за давање под концесија на автопатот Драч-Кукс или како што се нарекува во Албанија – „Патот на нацијата“, објави тиранската телевизија Клан.

Како што јави дописникот на МИА, ова ќе биде втор обид на албанската Влада за давање на автопатот под концесија.

Според извори во Министертвото за транспорт и јавни работи концесионерот ќе има обврска да го гради и одржува автопатот во наредните 30 години.

Тој ќе ги прибира и ќе ги чува средствата од патарината, а во замена ќе има обврска да го одржува автпатот и да изгради мост на реката Дрим, во близина на Кукс, додаваат истите извори.

При поднесувањето на понудата на тендерот, компаниите ќе треба да приложат парична гаранција во износ од 250 илјади евра.

Албанскиот министер за транспорт и јавни работи Едмонд Хаџинасто најави дека во текот на годинава секој кој ќе сака да помине по автопатот Драч-Кукс ќе треба да плати пет евра.

– Одредената тарифа за овој сегмент е пониска од просечната цена во регионот и она што е многу битно е тоа што се што ќе се заработи ќе оди за одржување на автопатот, со цел на граѓаните да им се понуди поквалитетна услуга, изјави Хаџинасто.

Ресорното Министерство претходно најавија дека наскоро ќе започне и постапка за давање под концесија и на автопатот Тирана-Елбасан, кој го поврзува патот со граничниот премин Кафасан кај Струга на албанско-македонската граница.

И на двата автопата голема е фрекфенцијата на возила и патници, посебно во летниот период, кога илјадници, главно косовски и македонски државјани одат во Албанија на одмор.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек