Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос на 21 февруари во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, јави дописникот на МИА од Атина.
Аврамопулос и Бан Ки Мун ќе разговараат за кипарското прашање и за грчко-македонскиот спор за името, јавуваат грчките медиуми.
Аврамопулос ќе престојува во Њујорк пред официјалната посета на Канада.