Кипарското и прашањето за името на Македонија беа главни теми на синоќешниот состанок меѓу грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос и генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, соопшти грчкото МНР.
Според пишаната изјава објавена на сајтот на грчкото МНР, Аврамопулос му објаснил на Бан Ку-Мун „како стојат работите денес и зошто не се продолжува во насоката што сите ја посакуваат, во рамките на процесот што се одвива под покровителство на ОН“.
Јасно е дека тоа не е поради Грција. Ние ја истакнавме потребата што е можно побрзо да се одговори на преземените иницијативи со целосна почит кон историјата на нашата земја. Од друга страна, изнаоѓање решение ќе биде во интерес на стабилноста, мирот и соработката во овој чувствителен дел на Европа, се наведува во изјавата на Аврамопулос.