Авганистанец уби три жени во Виена

Од:

Три жени се пронајдени мртви во салон за масажа во Виена кој наводно служел како бордел, а се претпоставува дека биле избодени со нож, јавуваат австриските медиуми. Полицијата уапси осомничен во парк недалеку од местото на злосторството, изјави портпаролот на полицијата Филип Хаслингер за австриската новинска агенција АПА.

Тој додаде дека и уапсениот има расекотини, но неговиот живот не е во опасност. Според Кронен-Цајтунг, мажот имал оружје за убиство во раката во моментот на апсењето. Според австриски Курир, тој е 27-годишен Авганистанец.

Австрискиот портал OE24 пишува дека жртвите биле Азијки кои наводно престојувале во бордел наречен „Asia Studio 126a“. Сведок видел трага од крв која води од просториите кон улицата, се вели во полицискиот извештај. Куриер пишува дека полицијата го нашла како се крие во грмушките на блискиот парк.

На местото на настанот била повикана брза помош, но жените веќе биле мртви. Осомничениот со возило на брза помош бил пренесен во болница. Според првичните информации, трите жени веројатно биле единствените вработени кои биле во објектот во моментот на злосторството. Не се знае дали мажот ги користел услугите таму или веднаш со нож ги нападнал жените.

Само неколку часа претходно во Виена се случи уште едно убиство. 51-годишна мајка и нејзината 13-годишна ќерка се пронајдени мртви, а како што пишуваат медиумите причина за убиството е семејна драма.

Би можело да ве интересира

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

По петдневна потрага полицијата го уапси убиецот Емир Селимовиќ

Горан Наумовски

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“