„Аваз“: БиХ нема посебен третман во ЕУ

Од:

БиХ нема посебен третман кога станува збор за исполнување на Патоказот, на што укажува и одлуката на еврокомесарот за проширување Штефан Филе за откажување на третата по ред средба на високо ниво, што утре тербаше да се оддржи во Мостар.

-ЕУ побара спогодба во врска со спроведувањето на пресудата за случајот „Сејдиќ-Финци“. Бидејќи спогодбата ја нема, немаше ниту причини за оддржување на состаниокот. Меѓутоа, најавата на еврокомесарот Филе со експерти од Советот на Европа и Венецијанската комисија утре во Сараево да оддржи низа консултации со цел да се изнајде решение за слуќајот „Сејдиќ-Финци“, заборува за желбата и преданоста на Брисел да и помогне на БиХ, пишува сараевски „Дневни Аваз“, повикувајќи се на извори од ЕК.

Шефот на делегацијата на ЕУ и специјален претставник на ЕУ во БиХ, Петер Соренсен, вчера изјави дека комесарот Филе и генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Југланд заклучиле дека пристапниот дијалог на високо ниво во овој момент нема да биде од големо значење.

-Секако, ние ќе продолжиме да работиме на тоа да видиме дали можеме да пронајдеме решение. Меѓутоа, на крајот се се сведува на тоа дека тоа не е нешто што ние треба да го направиме, туку политичарите од БиХ, рече Соренсен во Мостар.

Спроведувањето на пресудата на Европскиот суд за правата на човекот во случајот „Сејдиќ-Финци“, според која БиХ треба да ги укине уставно дескриминарачките одредби што го оневозможуваат изборот на претставник на националните малцинства на највисоки државни функции, е еден од клучните услови на натамошните евроинтеграции.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина